11. 6. 2011.

SEĆANJE NA SAŠKU PETKOVSKU LIPŠU






















Битолското културно лето годинава, првпат по 27 години од смртта на познатата пејачка и тогашна ѕвезда на македонската естрада Сашка Петковска, организира концерт на кој беа интерпретирани нејзините најголеми музички хитови.

“Семејствата на Сашка Петковска Липша ни дозволија да влеземе во нивните архиви и да обезбедиме сеќавања за да потсетиме на Сашка. Во еден период на детскиот музички фестивал „Си-до“ доделувавме посебна награда именувана според нејзиното име а еве сега се оддолжуваме и со еден посебен музички проект“ - посочи иницијаторот на оваа идеја Панде Димитровски.

На сцената на НУ Народен театар - Битола, нејзините колешки, пејачките Билјана Дамјановска, Маргарита Христова и други ги испеаа евергрините „Бакни ме“, „Чао адио“, „Гриша“, „Охридска елегија“ и други, вкупно девет најемотивни песни снимени во студиото „Микс“ - Битола, а со поддршка на тамошната локална самоуправа.
„Сашка Петковска е име што остана врежано во меморијата на нашиот град, во меморијата на многу генерации, како исклучителна вредност што ги претставуваше Битола и Македонија пошироко од овие простори“ - истакна градоначалникот Владимир Талески на средбата со новинарите.

Сашка Петковска Липша, познатата македонска поп пејачка и членка на легендарната група „Македонија“, загина во сообраќајна несреќа во 1983. година на пат кон Свети Николе, каде што со поголема група изведувачи требаше да одржи концерт. Во оваа немила случка животите ги загубија и тројца членови на балетската група ,,Авон“.

1. Маргарита Христова - Бакни ме
2. Биљана Дамјановска Јанчевска - Чао, адио
3. Марина Коруновска - Пушти ме како птица
4. Анета Мицевска - Запри срце
5. Анета Ефтимова - Никогаш, никогаш
6. Адриана Ацевска - Гриша
7. Марија Митровска - Сеќавање
8. Ирена Димовска - Охридска елегија
9. Сите изведувачи - Не ми било судено

LIPSA TRIBUTE

0 коментара:

Постави коментар