5. 4. 2011.

ДРАГАН ЃАКОНОВСКИ ШПАТО - МУЗИЧКА ЛЕГЕНДА

Драган Ѓаконовски Шпато е македонски композитор, диригент и музички аранжер. Тој е еден од основоположниците на македонската забавна и џез-музика. Со компонирање почнал да се занимава веднаш по Втората светска војна.
Првата џез композиција Драган Ѓаконовски Шпато ја напишал во 1948. г. Тоа е познатата „На игранка“ и во тогашниот затворен систем кој сметал дека се што доаѓа од западната култура е декадентно и штетно, Шпато се охрабрил и на своја 17-годишна возраст ја напишал композицијата.
„Практично, по вокација Шпато цел живот останал џезер, иако поголемиот дел од неговото творештво е во рамките на забавната музика, која тој ја нарекувал евергрин, сметајќи на тој начин дека станува збор за издржана и квалитетна забавна музика.
Оркестрите кои ги формирал и со кои раководел Шпато се Ритмичкиот секстет, формиран во 1951 година, потоа го формирал Забавниот ансамбл на Македонското радио и на крајот го формирал Биг бендот на Македонската радиотелевизија, тогашна Радио Телевизија Скопје, формиран во 1961. г.
Од целиот материјал што е собран за книгата, произлегува дека Драган Ѓаконовски Шпато е македонски музички гениј кој има огромен влог во оформувањето на македонската џез и забавна музика и неговото творештво засекогаш ќе остане со огромно значење за македонската музичка култура“, рече во најавата на свеченоста Ванчо Димитров, автор на монографијата за Шпато.

Со Ревискиот оркестар, на концертот посветен на Шпато диригираше Кире Костов, а настапија домашните поп пејачи претежно од помладата генерација предводени од ветеранот Драган Мијалковски, Калиопи, Каролина Гочева, Ѓоко Таневски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Тамара Тодевска, Горан Начевски, Влатко Лозановски, Маријан Стојановски и квартетот „Вокали“.

01. На игранка
02. Лени
03. Без повраток
04. Далечен крај
05. Убава си како музика
06. Ехо од далечното минато
07. Глас од далечината
08. Те носам во себе
09. Елегија за тромбон
10. Последен ден на разделбата
11. За нас почнува живот
12. Дојде есен
13. Носталгија
14. Молчи една долина
15. Гарача
16. Жолта липа
17. Идила
18. Роден крај
19. Кога си сама
20. Синтеза
21. Даниела
22. Зар вистина е крај
23. Поздрав до оркестарот

SPATO

0 коментара:

Постави коментар