28. 2. 2015.

SEĆANJE NA KIRILA MANČEVSKOG






















Кирил Манчевски (Долно Косоврасти, Дебарско, 8 ноември 1935 - 8 август 1974) бил еден од великаните на градската, лирска народна песна.
Роден е во Долно Косоврасти, Дебарско. Иако по занимање всушност беше металски работник, во текот на неговиот кус живот тој и се посвети на народната песна која беше неговиот најверен сопатник. Како човек беше едноставен и искрен, исклучително духовит, вистински професионалец - велат за него оние кои го имаа задоволството лично да го познаваат. Неговиот музички талент е откриен во 1950-ите години. Оттогаш тој стана и сценски презентатор на народната песна, во и надвор од Македонија. Заедно со разните македонски фолклорни ансамбли тој имаше можност да ја отвори својата лирска душа и на светската јавност која е љубител на македонските музички бисери. Најчесто настапувал како солист а многу ретко во дует. Неговиот репертоар ги вклучувал најубавите бисери на македонската староградска музика. Меѓу нив, доминантно место имаат лирските песни, со поетски стихови и широко распеани мелодии, но и печалбарските, патриотските и други. Тој изградил единствен интерпретаторски стил кој се одликува со широки и богати мелизми, вкусни и издржани каденци, карактеристнични и особено прецизни мелодиски орнаменти. Колку само внимателно, преполн со емоции, гази по секој од тоновите на мелодијата! Неговиот глас ѕвони во бавните и широки, рубато песни, од кои блика сиот лиризам на срцето. Долгите издржано каденци на крајот како да се претопуваат во тишината, толку природно и нежно, како снегулката што при допирот со дланката се топи и исчезнува.

Текст преузет са Википедије

01 Aber dojde, Donke
02 Aman, sednala mi, bre, Jana
03 Bog da ubie debrani
04 Brale, brale se sobrale
05 Bukite razvivat, brak'a
06 Devojce tenko, visoko
07 Ergen sum odil, preodil
08 Izlezi ,Vido mori, cudo da vidis
09 Izniknalo krivo kruvce medeno
10 Jano mori, Jano
11 Karanfil nevesto, voda mi se pie
12 Ne sedi Rasim raspasan
13 Nedo le, arna devojko
14 Oj zeleno, zeleniko
15 Resiv da si se ozenam
16 Snosti si dojdov od gurbet, majko
17 Snosti te prativ na voda, k'erko
18 Sonce zajde
19 Spremaj mi, spremaj libe konja dorija

KM MFC

0 коментара:

Постави коментар